Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос ги отфрла написите во грчките медиуми дека постои договор на Владата со одредени пратеници кои не се членови на СИРИЗА да дадат глас за доверба, а во замена да добијат или министерска позиција или место на гласачките листи на СИРИЗА.

Не постои такво нешто бидејќи „пратениците ќе гласаат според нивната совест”, вели Ѕанакопулос кој оцени дека станувало збор за глупости.

Тој во интервју за грчката ТВ Алфа рече дека грчката влада ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата, пренесе МИА од Атина.

За Ѕанакопулос бил парадоксален предлогот на Панос Каменос да се одржи референдум и во Грција за Договорот од Преспа, зашто „референдуми за прашања што се однесуваат на имиња на друга земја, звучат доста парадоксално”.

SHARE