Нема договор за избори!

Политичките партии не постигнаа консензус за ж датум за одржување на предвремени избори.

Ова го соопштија лидерите на политичките партии по средбата кај шефот на државата Стево Пендаровски.

Тие најавија дека во следните денови партиите да имаат меѓусебни разговори.

ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот избори да бидат одржани во август или почетокот на септември, додека СДСМ се за избори на крајот на јуни.

Алијанса за Албанците и Алтернатива се против одржување на 21 јуни.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

SHARE