По 6,5 часа расправа нема договор за датумот за Македонија и Албанија

Пропаднаа ли напорите на Туск и Меркел да се омекне Макрон за проширувањето?

Портпаролот на Европскиот Совет Пребен Аман на десетина минути пред 2 часот наутро објави дека завршил првиот ден од самитот во Брисел и дека се донесени заклучоци за Турција но без информација дека има заклучоци за Македонија и Албанија.

За утре Аман најавува дека нема да се зборува за проширувањето на ЕУ туку за Стратегиската Агенда, Меѓународниот монетарен фонд и Климатските промени.

Доколку и утре нема заклучоци тоа значи дека лидерите на ЕУ не можеле да се договорат за Македонија и Албанија кои остануваат без датум за преговори и за нив ќе се разговара најрано на декемврискиот самит на ЕУ.

ЕУ дипломати не исклучуваат дека и покрај набиената агенда денеска би можело да се продолжи со дебатата за проширувањето.

Изјавата на Аман на англиски јазик:

First day of the October #EUCO finished. Conclusions on Turkey adopted.

Tomorrow #EUCO will resume work at 10h on Strategic Agenda, MFF and Climate Change.

SHARE