Нема договор за платите на просветарите. Ќе има ли штрајк?


Министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека не е постигнат договор за платите на просветарите на денешната срадба со СОНК.

Пред неколку денови Синдикатот го одби предлогот на Владата покажувањето на платите да биде 10 проценти и најавија дека на 11 ноември ќе има генерален штрајк. До крајот на неделата пак ќе има средба.

„Ќе преговараме до последна минута, нема зијан од дијалог, заслужуваат поголема плата, но треба да се направат анализи до каде можеме, а и СОНК треба да размисли“, рече министерот Адеми.

Министерот смета дека нема потреба од штрајк.