Нема истрага, осомничени и приведени за увоз на „сомнителен“ и скап инсулин?

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство не истражуваат никого за увозот на неквалитетниот инсулин во вредност од 330 илјади евра кој бил уништен од министерството за здравство.

Иако според чекорите на власта која ја обвини опозицијата за увоз на лош инсулин се работи за сериозно кривично дело против јавното здравје и злоупотреба на службена должност, според информациите на expres.mk кај двете институции никаква намера за истрага против засега непознатиот увозник на инсулинот.

Доколку нема истрага за тоа дали некој го прекршил законот со увоз на нездрав инсулин тогаш министерството за здравство признава дека нешто е сомнително не со уништениот лек за дијабетис туку со процедурите во министерството кои отвораат сомнеж за корупција.

“Сомнителен”?! После три години станал сомнителен? Идиоти, не треба да е сомнителен, туку точно да се утврди дали не е исправен, зошто, како? Имате Биро за лекови, инспекции, лаборатории итн. Ни збор за производител, серија, дистрибутер“, пишуваат упатени извори на социјаните мрежи каде што се шират информации дека инсулинот е уништен за да може да се направи нова набавка од страна на министерството за здравство.

Прашањата кои се поставуваат на социјалните мрежи се логични но на нив нема логичен одговор од македонските здравствени власти.

SHARE