Нема кој да ја урне дивоградбата пред „Мавровка“

Општина Шаир одново ќе распише тендер за отстранување на дивоградбата пред „Мавровка“ бидејќи досега ниту една фирма не аплицирала за отстранување на бесправно спорниот објект.

Доколку се пријави некоја фирма, би добила околу 17 илјади евра за да уривање на објектот од црста градба со површина од 330 м2.

Според познавачите на градежниот бизнис, досега во изградба на објектот се вложени над 100 илјади евра, дознава Алфа.

SHARE