Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека кај вработени во Клиниката за дерматологија кои биле во контакт со Нина Цаца Билјановска, тестовите покажале дека се позитивни на Ковид 19.

Останатите 170 лица кои беа во 14 дневна изолација ќе ги третираат етапно, рече министерот.

Обвинителството се уште чека дополнителни податоци од МВР за да одлучи што со докторката која не ги почитувала препораките на здравствените власти и одела на работа со симптоми а држеше и семинар пред стотина колеги, пренесе Сител.

„Од нив се бара да се приложат сите релевантни докази, во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала“, велат од Обвинителството.

SHARE