Нема „одложени“ кредити за сите граѓани

Банките се тие кои ќе одлучуваат каква понуда ќе им дадат на своите клиенти, но извесно е дека нема сите граѓани да добијат можност да го одложат плаќањето на дел од ратите за кредити.

Управните одбори на банките ќе донесат одлука за мораторум од 3 до 6 месеци на сите кредити, но тоа нема да важи за оние за кои ќе проценат дека не се погодени од корона-кризата, велат извори за Алсат М.

Уредбата ќе важи за потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити и сл., кредитни картички, дозволено пречекорување или минусна плата и кредити кои се подигнати од страна на фирма. Но, сè уште останува нејасно врз кои критериуми банките ќе одлучуваат какви понуди ќе нудат.

Според владината Уредба, откако определената банка ќе донесе одлука која ќе биде понудата, а граѓаните во рок од 10 дена не ја известат банката дали понудата ја одбиваат, тогаш ќе се смета дека понудата е прифатена.

SHARE