Нема пари за Медена земја, Спасовски и Ангеловска ги излажале Атиџе, Тамара, Фејми и другарите

Одлуката на Владата екипата на “Медена земја“ да биде наградена со три милиони денари преку награда од министерството за култура, нема да биде спроведена.

Оваа информација која ја соопштија и техничкиoт премиер Оливер Спасовски и министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејбук- профил нема да стане реалност затоа што во буџетот нема ставка за ваков вид на финансиска помош како што бара Владата.

Извори од министерството на култура и од партијата Алтернатива тврдат дека на министерот за Култура Хисни Исмаили му се допаѓа филмот но бара Оливер Спасовски да ги прочита законите пред да носи одлуки кои не се во согласност со законот и кои имаат финансиски импликации кои не се предвидени со буџетот.

На Спасовски и на министерката Ангеловска им се забележува што иако биле информирани дека на Медена земја не можат да им се дадат 50 илјади евра тие во битка за партиски поени сепак јавно се пофалиле на своите фејсбук профили дека ќе дадат финансиска награда на филмот што беше номиниран за Оскар.

Притоа изворите тврдат дека со Заев предходно било договорено сите награди и парична помош да се почитува етничкиот клуч при што и проекти на Албанци ќе можат да добиваат награди при што како лош пример за едноетнички пристап се споменува наградата за втората шампионска титула на РК Вардар.

SHARE