Нема проширување на ЕУ до 2025, вели Хојт Ји

Поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји, вели дека проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално, а штетно е и што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи.

„Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и клептократите, корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат“, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.

Извор: Независен

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар