Претседателот на државата Стево Пендаровски се уште не добил известување дека Собранието е констиуирано, а на прашањето на Канал 5 зошто тоа не е направено и дали ова значи дека рокот за мандатот сè уште не е почнат, од Кабинетот на спикерот Џафери нема одговор.

Од ДУИ, партијата на Џафери, пренесува Канал 5, истакнале дека без известување дека Собранието е конституирано не може да броиме денови до доделување на мандатот.

Од кабинетот на Пендаровски не се согласуваат со ваквото толкување и од средата претседателот на државата одбројува 10 дена, период по кој веќе треба да го додели мандатот.

„Кабинетот на претседателот го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери со кој ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на ден 4 август 2020 година. Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020.“

SHARE