Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска призна дека од Буџетот за идната година Владата нема да се даваат субвенции за оние граѓани што ќе ги заменат старите возила со нови, или со половни кои ги исполнуваат еколошките стандарди, како и дека такви средства не се предвидени во државната каса.

Претходно, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека во Буџетот не се предвидени средства за субвенции на возила, туку тие средства ќе оделе за други проекти. 

Наместо две, три или четири илјади евра субвенција за граѓаните што ќе сакаат да купат возила, Бектеши најавува нова мерка, со која ќе се обновел возниот парк, но не ја открива.

Како што претходно беше јавенио, имаше идеја стариот авто-парк да се замени со нов – еколошки.

Вредноста на автомобилите кои ќе ги субвенционира државата не треба да надминува 12 илјади евра, предвидува Законот за возила кој беше изгласан во Собранието во – јуни.

Освен од авто салон, граѓаните може да го заменат старото возило и на авто плацовите каде се продаваат увезени половни автомобили. Но, автомобилите кои ќе ги субвенционира владата треба да бидат со најмалку ЕКО 5 стандарди, дообјасни министерот Крешник Бектеши во тогашното интервју за Алсат, што значи за да ја добие оваа сума купувачот не е обврзан да го одјави стариот автомобил и да купи нов само од прва рака.

SHARE