Нема веќе да се градат станови без парно греење

Инвеститорите на нови згради нема да добиваат одобрение за градба доколку не предвидуваат зградата да ја приклучат на системот за централно греење.

Регулаторна ќе инсистира во новиот Закон за градење кој се работи во моментот тоа да влезе како обврска за инвеститорот.

„За да немаме случаеви згради кои што се наоѓаат покрај топланите во Скопје да не се приклучуваат на топлинска енергија и наводно ќе се грееле на струја. Значи тоа е апсолутно нелогично решение и ние како РКЕ во нашите надлежности ќе се спротиставиме на тоа. Имајќи во предвид дека овој тип на издавање на одобренија за градење е веќе дефиниран во земјите од ЕУ. И не може секој да си прави како што сака кога постои во таа зграда организиран начин на затоплување. Ние не сме богата земја енергетски па да правиме и да се изживуваме во системот“. – вели претседателот на Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Околу 54.000 домаќинства во Скопје се приклучени на парно греење, а исклучени се 14.000 станови, дознава „Телма“.

SHARE