Нема веќе слободен влез за граѓани од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават PCR тест не постар од 72 часа, информираат од Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести оваа одлука ја донела на состанокот одржан утрината.

„Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји“, соопштиja од Министерството.

Задолжителен тест за влегување во земјата имаше до пред две недели.

SHARE