Немало востание во Прилеп 1941, вели Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер и лидер на БМРО-БНД одново со критики кон Македеонија и, според него, „фалсификувањето на историјата“:

„Кога македонската држава, и покрај Договорот за добрососедство, продолжува да ја фалсификува бугарската историја, да создава омраза во општеството кон Бугарија, не можам да молчам“ вели Каракачанов.

„ И што со тоа дека и една година по потпишувањето на договорот, го слават 11 октомври – Ден на востанието против Бугарската окупација. Немаше востание. Во градот Прилеп четворица убија полицаец кој бил надлежен за полициската станица, а самиот полицаец бил сограѓанин од Прилеп со четвора деца. Дали е тоа востание против бугарскиот окупатор?“ вели вицепремиерот Красимир Каракачанов според кој,  Бугарија не била окупатор на Македонија, туку ослободител“. Ако Македонија продолжува со овие активности, ќе остане во чекалната на НАТО и ЕУ, додал Каракачанов.

SHARE

3 Коментари

  1. ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ОДЛУКА: На 16-ти фебруари на конвенција ќе се бира претседателски кандидат. Мојот избор е проф. Игор Јанев. Игор Јанев за претседател на Македонија!
    Се надевам дека Игор Јанев ќе прифати кандидатура.

Оставете Коментар