Ненад Јовановиќ: Македонскиот народ постои од 1945

Нова контраверзна изјава на политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ од Кавадарци.

Откако пред 3 недели ги обвини сите што одбиваат да го користат името Северна дека се националисти тој со ново навредливо тврдење за Македонците.

На прашањето од кога постои македонскиот народ Јовановиќ одговара :”од 1945 година” со што ги потпира бугарските, грчките и српските позиции според кои Македонците се вештачка нација создадена од Коминтерната и од Тито.

Јовановиќ во иницијалниот пост го фали премиерот и зборува за неговата посета на ОН

“Заев беше во Њујорк, во седиштето на ОН, се заложи дека во својата земја ќе ги почитува универзалните вредности: мир, демократија, човекови права, владеење на право и одржлив развој, за веќе денес, недела дена подоцна да се врати во реалноста, и да ги укине квотите за лекови кои ќе обезбедат редовен пристап на лекови со рецепт преку целиот месец.

Да беше Груевски, или да беше Мицкоски, сосема сеедно, ќе не’ труеја со месеци, ќе испотрошеа стотици илјади евра наши пари, ќе ги качеа на авион сите возможни (и невозможни) новинари што во земјава постојат, ќе урлаа со месеци дека ова е најголемиот историски успех”, пишува Јовановиќ користејќи го хаштагот #ИмаРазлика.

SHARE