Сестра на министерот Крешник Бектеши конкурилала на оглас на МЕПСО заедно со 800 лица за 23 работни места,  а за местото самостоен кандидат за кое се пријавиле 73 лица успеала да влезе во 5-те избрани.

Од Комисија формирана од Компанијата која е под надлежност на министерот,  нема ниту еден документ на кој начин било извршено бодувањето, ниту има  извештај од спроведени интервјуа.

„Нема образложение зошто токму сестрата била селектирана во првите 5, а потоа со одлука на директорот била и вработена“, констатираше Антикорупциска која за овие сомневање ќе ја извести и Владата и Надзорниот одбор на компанијата.

Бектеши во врска со случајот неодамна изјави дека не чувствува морална одговорност и дека нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во МЕПСО, бидејќи е полнолетна не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот.

Антикорупциска констатираше дека е скандалозен и изборот на сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми, во ЕЛЕМ. Антикорупциска утврди дека работно место на која била примена сестрата на министерот било креирано две недели пред да биде објавен огласот.

SHARE

3 Коментари

  1. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ:

    1. Неуспешен референдум,

    2. Итно поништување на договорот,

    3. Делегитимирање на предавничката власт,

    4. Предвремени избори,

    5. Офанзива во ООН за враќање на изгубеното,

    6. Одговорност за сите учесници во сценариото,

    7. Севкупен рестарт на државата!

    ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Оставете Коментар