Меѓународен сојуз каде претседател беше Бојан Јовановски, БМЈ груп во чија сопственост беше 1 ТВ и Томато продукција во чии простории всушност беше сместена телевизијата, ќе заработат кривични пријави, бидејќи Управата за јавни приходи утврдила дека не платиле данок на добивка, ДДВ и персонален данок во вредност од 325.000 евра.

На Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, а сега се товари за даночно затајување во време кога бил претседател на Меѓународниот сојуз, му бил доставен извештајот на УЈП, меѓутоа одбил да го прими.

Од Управата посочуваат дека вршат контрола во уште една фирма, кој била поврзана со овие три фирми, и најавуваат дека ќе направат контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

Од УЈП истакнаа дека лице кое не е многу познато во јавноста се пријавило да ги преземе фирмите и да ги плати нивните долгови, јпренесе Фокус.

SHARE