Непреведено во загубата на Бугарски (ФОТО)

Насловот на овој текст е парафраза на филмот “Загубено во преводот” а ја отсликува ситуацијата која ја опишува академик Катица Ќулавкова во која се нашле бугарските поети пред две децении кога не можеле да преведат македонски песни на бугарски јазик.

“Во 1998 година Бугарскиот ПЕН објави Антологија приредена од Георги Старделов и напиша дека не само што таа е преведена на бугарски јазик, туку некои песни се заменети со други поради непремостиви проблеми при преводот од македонски јазик. На писателите им се јасни разликите меѓу двата јазика”, открива Ќулавкова.

Неможноста еден јазик соодветно да се преведе на друг јазик за сите нормални доволно говори за посебноста и различностите меѓу тие два јазици.