Грчките медиуми известуваат за „новиот удар“ што доаѓа од странски медиум по сторијата на Би-би-си  за „непостоечкото македонското малцинство“ во Грција што предизвика бура во Атина.

Овој пат од Германија, од веб-страницата на Германската радиодифузија (DLF), во која е поместена репортажа за „македонско малцинство“ под наслов  „Непризнати во Грција”.

Публикацијата е базирана на искажувањето на новинарот Тасос Костопулос, кој, како што е наведено, „со децении работи со грчкиот регион на Македонија и со словенското население“. 54-годишниот адвокат и историчар напишал неколку книги , како и докторска дисертација на оваа тема, пренесува In.gr.

Тој тврди дека „факт е дека има луѓе во североисточниот регион (Македонија), кои зборуваат словенски дијалект“.

Костопулос вели дека  „постојат серија на различни ставови и само-дефиниции: тие се гледаат себеси како чисти Грци. Други велат дека имаат само многу културолошки специфични карактеристики, без припадност на други луѓе. Тие не сакаат да бидат малцинство бидејќи сметаат дека  тоа може само да ги повреди, дека тие ќе бидат искоренети од остатокот од општеството“.

Според Костопулос: „Мал дел од грчките Словени, кој всушност е малцинство, е политички претставен од партијата  Виножито” чие седиште е во Лерин. Но, оваа партија, со неколку илјади гласови што ги добива, нема речиси никаква улога во регионот“.

„Во 1913 година, оваа популација падна под грчки суверенитет.По Првата светска војна се одржа размена на население меѓу Грција и Бугарија. Со овој процес, илјадници Словени ја напуштија земјата.

Во тоа време Бугарија се уште беше сметана за главната закана од северот, непријателот кој се уште ја сметаше ново-освоената територија, Македонија, како своја“, вели тој.

Оние што останаа во Грција со текот на годините развија  нов идентитет, ‘Македонец’, со помош на грчката држава, која сакаше да ја ублажи латентната бугарска закана.

Друга соседна земја, денешна Северна Македонија, честопати во минатото ги карактеризирала словенските Грци како свое  македонско  малцинство.

 Меѓутоа, преку договорот со Грција за промена на името, Северна Македонија се обврза да ги отстрани сите елементи што може да се сметаат за територијални претензии “, истакнува Костопулос.

SHARE

2 Коментари

  1. Poentata e da ne napravat ( Sloveni ) Makedonski sloveni koi ziveat vo regionot Makedonija od koj polovina i pripagja na grcija Se e zamka od vakvite zapadni “dobronamernici” stradame a losoto tek dovagja.

Comments are closed.