Неселективна правда: Ќе се апси ли премиерот Заев за Хазби Лика?

По апсењето на екс директорот на Централниот Регистар Андреа Поповски се поставуваат логични прашања за слични случаи.

Дали ако е притворен поранешниот директор на ЦРМ Андреа Поповски за прикривање вработена што не доаѓала на работа, значи дека Финансиска полиција треба веднаш да го притвори и Зоран Заев бидејќи и тој му даваше плата на Хазби Лика кој не идеше на работа.

Лика откако се скара со врвот на ДУИ и лидерот Ахмети исто како и вработената во Централниот регистар не доаѓаше на работа, а при тоа и трошеше државни пари по ресторани?

За ова фактичка состојба има и изјава од Заев дека Хазби Лика не доаѓал на работа.

Следствено, по урнекот на вчерашната акција на МВР ако има неселективна правда, денеска навечер или утре наутро треба да очекуваме апсење на шефот на Лика, Зоран Заев кој му овозможил на вицепремиерот да не доаѓа на работа и да прима редовно плата.

SHARE