Нешто се подготвува: САД повлекуваат персонал од Багдад

Вашингтон нареди повлекување на својот персонал од Ирак, соопшти Амбасадата на САД во Багдад во средата, пренесува РТ.

Овој чекор следи по предупредувањето од неделата, кога амбасадата предупреди за зголемени тензии во Ирак.

Дел од американските државни службеници треба итно да ја напуштат амбасадата во Багдад, како и американскиот конзулат во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан.

https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/15-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B0.jpg

На американските државјани им е советувано да ги избегнуваат локациите на американската влада во Ирак и да ја напуштат земјата што е можно поскоро.

SHARE