Илија Несторовски им се придружи на своите колеги од македонската фудбалска репрезентација во Серија А во новата сезона, Горан Пандев од Џенова и Елиф Елмас од Наполи, потпишувајќи договор на 3+1 години со Удинезе.

Досегашниот играч на Палермо, кој поради финансиски проблеми ќе игра во Серија Д, ќе го предводи нападот на тимот што заврши 12. минатата сезона во италијанската елитна конкуренција.

„Несторовски досега веќе покажа како се постигнуваат голови во сите конкуренции, вклучувајќи ја и Серија А. Тој го избра Удинезе меѓу повеќе поволни понуди и треба да сме му благодарни за тоа“, изјави техничкиот директор Пјерпаоло Марино за клупската вебстраница.

Популарниот Нестогол од 2016 година за Палермо настапи на 99 натпревари постигна 38 погодоци во Серија А и во Серија Б.

SHARE