Несудениот лидер на ВМРО – ДПМНЕ тргнал слика од масакрот кај Ваташа пред средба со бугарски амбасадор

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој најави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ја тргнал од својот кабинет сликата со мотиви од масакрот кај селото Ваташа во која од бугарската фашистичка војска се убиени 12 младинци.

Во емисијата Во Центар Митко Јанчев признава дека смената на сликата се случила пред средбата со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дека предходно на средба со американски амбасадор се сликал пред сликата со масакрот кај Ваташа.

Јанчев тврди дека е случајност што сликата е тргната пред да се сретне со бугарскиот дипломат Ангелов.

За бугарската историографија масакрот кај Ваташа има две објаснувања:

1. Убиствата ги извршиле Македонци кои биле дел од бугарската армија

2. Бугарските фашисти убиле млади бугарски комунисти поради идеолошки причини

Цело интервју со Јанчев

SHARE