Неверојатна предност на владеачките кандидати за претседател (АНКЕТА)

Вчера објавената анкета на МЦМС која ја објави Топ Тема на Ваша страна на Телма повторно прикажува неверојатни резултати ако се анализира еден агол кој го забележа expres.mk.

Имено, ако се пресметаат процентите според партиската, етничката или политичка афилијација на кандидатите излегува дека македонскиот дел од власта кумулативно има повеќе од двојно поголема предност пред кандидатите на македонската опозиција.

Потенцијалнните кандидати на СДСМ или блиски до него: Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска, Трајковска и Спасовски ако им се соберат сите проценти кумулативно имаат огромна предност пред опозициските кандидати (Мицкоски, Каракамишева, Силјановска, Славески и Цветанова) кои што вкупно имаат малку повеќе од кандидатите Албанци.

Кај Албанците тројца кандидатие (Османи, Селмани и Арифи) имаат речиси колку кај целата македонска опозиција.

Кандидати на СДСМ или блиски на владеачката партија – 32,6 %
Кандидати на или блиски до опозицијата – 16,1
Кандидати Албанци – 15,7

Интересна е и анализата меѓу владини/провладини со опозициски/ пропопозициски кандидати.

Во таков случај сите кандидати дел или блиски на власта, и Македонци и Албанци, имаат вкупно 48,3 проценти или точно три пати повеќе од процентите што кумулативно ги собрале кандидатите на македонската опозиција.

Најбројната група на луѓе од примерокот на МЦМС вкупно 35,8 % се уште не сака да каже за кого би гласала (14,9), нема да гласа за никого (18,8) или пак одбива да одговори на анкетата (2,1).

SHARE