Невидена злоупотреба на државна функција за партиска промоција во Лондон (ВИДЕО)

Премиерот Заев денешното учество на самитот на НАТО го злоупотреби за промоција на активностите на неговата партија СДСМ.

“Ја остваривме целта кон која се стремевме цели 27 години. Стануваме 30-та членка на НАТО. Обезбедивме трајна сигурност, економски развој и сигурна иднина за нашите деца.

Се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО”, пишува Заев во пораката до јавноста користејќи ги хаштазите #WeAreNATO #НиеСмеНАТО.

Во видеото од настанот на кој ги претставуваше сите граѓани Заев односно неговиот кабинет го ставил и логото од партиската кампања “На прав пат” со што направи груба злоупотреба на државните ресурси за партиска промоција.

Ниту еден досегашен претседател или премиер на Македонија не ја злоупотребил на ваков директен начин својата државна позиција со цел да донесе поени на својата партија.

SHARE