Со ратификувањето на договорот со новоименуваната Република Северна Македонија, Грција имплицитно го призна постоењето на македонски јазик и етничка припадност. А сепак, со децении го негира постоењето на сопственото македонско малцинство.

Ќе се промени нешто сега, прашува Би-би-си во сторијата посветена на „непостоечкото малцинство во Грција“ ?

Пензионираниот адвокат, кој во репортажата на Би Би Си се нарекува господинот Фокас, беспрекорно зборува грчки литературен јазик со препознатлив акцент: негов мајчин јазик е македонскиот.

Фокас уште на почетокот сакал на новинарот да му истакне дека е етнички Македонец но и грчки патриот. Има добри причини да потсетува на својата лојалност кон државата бидејќи цел еден век, етничките Македонци во Грција се предмет на сомневања, своевремено и прогони, па и самото нивно постоење се негира речиси од секого. 

Повеќето од нив не сакаат на странци да им зборуваат за својот идентитет. Нарекувани како „локалци“ а нивниот јазик како „локален“, нив ги нема во учебниците а извадени се и од пописите уште до 1951 година кога накарадно беа спомнати како „славофони“.

Мнозинството Грци не ни знаат дека тие постојат…

SHARE

1 Коментар

  1. […] Репортажата за „невидливото (македонско-н.з.) малцинство“ во Грција не е во склад со Преспанскиот договор, напишал грчкиот амбасадор во Обединетото Кралство,  кој вчера со писмо реагирал на написот во електронското издание на Би-би-си, пишува „Катимерини“. […]

Comments are closed.