Од невладината организација „Аваја“ ја повикаа ромската заедница и невладините организации на протест, со цел да не се повторат слики како оние во Битола, јавува Дојче веле.
Видеото на социјалните мрежи, на кое се гледа како полициски службеници применуваат сила врз лице кое лежи на улица, вчера предизвика бурни реакции во јавноста.
Подоцна, од објавениот разговор на претставник на невладината организација „Аваја”, јавноста дозна дека не било физички нападнато само едно лице.