Невремето ги уништи овошките во Преспа (ВИДЕО)

Невремето што завчера ја погоди Преспа  предизвика поголеми штети на јаболковите насади кои беа погодени од град, уништени беа кровови на куќи и приколки на потегот од Претор до Долно Дупени.Вакво невреме одамна не се памети во овие краишта, велат жителите. Огромна е и штетата  на овошните насади во должина од 10 километри. Покрај плодот оштетении се и дрвјата.

Стручни комисии ќе вршат проценка на штетата направена од синоќешното невреме што зафати дел од Преспа, одлучи советот на Општина Ресен.

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски ги информирал советниците за состојбата на терен и врз основа на тоа го овластиле да формира стручни комисии кој ќе врпат проценки и редовно да го информира Советот во врска со настанатата штета.

Советниците донеле одлука да се обезбедат средства од општинскиот Буџет, за помош за основните потреби на населението, како вода, средства за хигиена, гориво за екипите на терен и слично.