„Независни Грци“ ќе ја уриваат владата на Ципрас!?

Доколку  има гласање за недоверба  во Парламентот, Независни Грци (АНЕЛ)  ќе гласаат против владата во која учествуваат како коалиционен партнер, изјави денеска пратеникот, Костас Кацикис.

„Лидерот на АНЕЛ, Панос Каменос рече, заминуваме. Што значи тоа? Престануваме да бидеме партнер во владината коалиција, нема мнозинство, ние не даваме доверба“, рече Кацикис, пренесуваат грчки медиуми.

Во интервју за „Опен ТВ“ синоќа, премиерот Алексис Ципрас рече дека ќе побара гласање за доверба во парламентот ако Каменос одлучи да ја повлече својата поддршка за коалицијата во врска со договорот за Преспа.

Ципрас најави дека ќе го праша Каменос за неговите намери на состанокот закажан за утре.

SHARE