Пратениците на денешната 116. седница треба да го изберат Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието.

Тој е предложен од коалиционите партнери ДУИ и СДСМ.

Рамќиловиќ од пред 6 дена е независен пратеник откако ја напушти независната „осумка“ исклучени од ВМРО-ДПМНЕ кои лани ги обезбедија потребните гласови за донесување на новиот устав.

Рамчиловиќ кој доаѓа од партијата на Бошњаците, АВАЗ, на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

SHARE