Ни таткото на Боки 13 ни Ременски не чувствуваат вина

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, кој е еден од осомничените во проширената истрага за „Рекет“ на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, по распитот во Кривичен рече дека не чувствува вина.

Во кратката изјава за ТВ21 која ја даде по распитот, Миле Јовановски, рече дека не знае зошто е осомничен.

Претходно на распит беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која исто така пред новинарите рече дека не чувствува вина.

Во врска со најавата на премиерот Зоран Заев, дека секој осомничен функционер од СДСМ ќе биде отстранет од функциите додека не си ја докаже својата невиност, Ременски рече дека изјавата на Заев не ја протолкувата во негативна конотација.

Како член на Извршниот одбор на СДСМ рече дека ќе ја почитува секоја одлука на партијата, а дека ќе го почитува и етичкиот кодекс кој го потпишала во СДСМ.

-Како одговно лице и интелектуалц секогаш сум почитувала изјави кои ги потпишувам – додаде таа.

Во врска со нејзината функција како потпретседател на Собранието, пак, рече дека тоа не е партиска позиција.

Против Миле Јовановски и пратеничката Ременски се бараат мерки на претпазливост, како одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, за кои судот треба да одлучи денеска.