На 14 март пратениците ќе расправаат за иницијативата за формирање ново министерство со што, меѓу друггото, Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор ќе прерасне во ново министерство –за спроведување на Охридскиот договор.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите што произлегуваат од овој договор, како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во образложението на иницијативата ја потпиша пратениците Јован Митрески од СДСМ, Артан Груби, Џеват Адеми, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Алими од ДУИ, Панчо Минов, независен од ГРОМ и Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Според МКД.МК во точка 2 од „тиранската платформа“, на која беа потпишани ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, ДПА и Еди Рама, премиерот на Албанија, во точка 2 пишува: „Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој – создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, (…) правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата и остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции“.

Доколку биде основано новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како што ќе се нарекува, Владата ќе има 26 министри.

Експертите велат таа бројка треба да се намали на 11. На пример Словенија има 14 министерства, Ирска има 17 министерства, Франција 16, Обединетото Кралство 25 министерства, Србија 21, Бугарија 19, Албанија 15, Грција 23…пишува МКД.Мк

SHARE