Ни за Аца Лукас не важи законот во Скопје

Не се само владата, собранието и правосудството тие што деновиве не ги почитуваат македонските закони.

На концертот што се одржува вечерва во салата Борис Трајковски во Скопје на кој главна ѕвезда е српскиот пејач Аца Лукас и многу граѓани не го почитуваат законот.

Иако според законот за пушење во затворени простории и на јавни настани не смее да се пуши сепак законот вечерва многумина не го почитуваат.

Десетици можеби стотици луѓе слободно пушат вечерва во Борис Трајковски без никаква интервенција или барем предупредување од организаторите дека пушењето е забрането.

SHARE

Оставете Коментар