Ниами: Беса Арифи нека ви го решава проблемот со Законот за јазици

Славистот и доктор на филолошки науки Емил Ниами кој пред 18 месеци предупредил дека Законот за употреба на јазиците не може да сс спроведе но власта инсистирала на него и направила грешка.

Сега, вели Ниами Беса Арифи нека ви го решава проблемот со законот.

“Пред година и пол укажав на проблемот што ќе го предизвика Законот за јазици.

Бујар Османи денес се пожали.
И сега што? Ви реков, ама вие сте самобендисани корумпирани политиканти на кои ку* не им чуе за професионалците.

Сега нека ви го решава проблемот Беса Арифи, зашто таа ве тапкаше по рамо без да размисли за неговата имплементација.

Ама, така ви е, кога слушате некој со претрчано образование и научни степени добиени со врски”, порачува Ниами кој е разочаран од избрзаното носење на Законот кој дополнително ја поларизираше Македонија.

Ниами реагира на изјавата на вицепремиерот Османи.

Во 1.300 институции недостигаат преведувачи

SHARE