„Ние сме Македонија“: Истрага и Трамп веднаш да го отповика Бејли

„Не ја потценувајте моќта на народот кога волјата е непроценливо голема за да го одбранат суверенитетот на својата земја“, објавува движењето „Ние сме Македонија“ откако американската антисорос организација „Џудишал воч“ објави извештај откривајќи директна, но дискретна соработка помеѓу американскиот амбасадор во Македонија, Jess L.

„Амбасадорот Џес Бејли и фондацијата ‘Отворено општество’ на Сорос, користејќи 5 милиони американски долари до сега пријавени со цел креирање на дестабилизација во една мала конзервативна држава како Македонија, инсталирање на социјалистичка власт која ќе функционира под негова директива, притоа кршејќи ја Виенската конвенција за дипломатски релации со промена на името на државата“, пишува во објавата на американската десничарска организација.

Движењето „Ние сме Македонија“ очекува по овој извештај, Претседателот на САД да го отповика Амбасадорот Бејли од функција и да спроведе истрага за одговорност за, според движењето, неговите илегални активности во Македонија.

Линк до објавата на Ние Сме Македонија

Линк до извештајот на американската организација тука

SHARE