„Ние сме Македонија“ со повик за бојкот на консултативниот референдум

Македонското глобално движење „Ние сме Македонија“ реагира на најавата за одржување консултативен референдум за договорот од Преспа за преименување на македонската држава во Северна Македонија, повикувајќи за бојкот на изјаснувањето:

„Глобалното непартиско движење ‘Ние Сме Македонија’ ги повикува своите поддржувачи и граѓани на Република Македонија на БОЈКОТ на тукушто распишаниот противуставен консултативен референдум на 30 септември 2018 година. Бидејќи овој референдум има за цел само да ги консултира граѓаните, што значи дека, сепак, власта ќе го има крајниот збор, неговото одржување е излишно.

Најавеното прашање ‘Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција’ е манипулативно и тотално погрешно, бидејќи таканаречениот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција сè уште не е ратификуван, нити објавен во Службен весник и како таков нема никаква важност.

Истовремено, Движењето повикува на претпазливост кон пропагандата и манипулациите кои власта ги шири низ платените медиуми во форма на информација ‘зошто влезот во ЕУ и во НАТО ќе придонесе за поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија’, притоа цинично изоставувајќи го фактот дека влезот во ЕУ и во НАТО е условен со промена на името во Северна Македонија, односно бришење на идентитетот, историјата, културата и постоењето на македонскиот народ.

Единствено разумно и прифатливо решение е Република Македонија ерга омнес, а бидејќи овој одговор не е претставен како опција, прашањето не заслужува одговор.

#Бојкотирам
#РепубликаМакедонијаЕргаОмнес ??
#НикогашСеверна
#СтопНаПропаганда

 

SHARE

Оставете коментар