Никола Димитров со „патлиџан дипломатија“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги стави и македонските домати во служба на обезбедувањето почеток на преговори со Европска унија.

„Највкусниот домат во светот! Кој и да го поддржи стартот на пристапните преговори за Македонија со ЕУ следната седмица, ветуваме дека ќе му испратиме пакување со свежи македонски домати по пошта“, порача Димитров преку „Твитер“.

Корисничка на оваа социјална мрежа, според сопственото претставување најверојатно од Србија, го прокоментира постот на шефот на македонската дипломатија како „менуваме патлиџан туризам за патлиџан дипломатија“.