Никола Груевски сам се повлекува од пратеник

„Одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови“, соопшти денеска на Фејсбук поранешниот премиер и актуелен пратеник Никола Груевски.

За мандатот на пратерникот Груевски, Собранието беше најавено дека ќе одлучува по 10 јуни откако Комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде таква препорака поради тоа штио тој неоправдано отсуствувал повеќе од шест месеци од работата на парламентот.

„Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.

Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“ пишува Груевски во статус на Фејсбук..

SHARE