Николов: Единствен можен одговор е НЕ

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада Бил Николов вели дека Македонија не треба да го моли НАТО за влез ако треба да се додворува на тие што ја угнетуваат.

“НАТО бара да го смениме нашето име во интерес на западниот империјализам и да им се додвориме на нашите угнетувачи. ЕДИНСТВЕНИОТ можен одговор е НЕ! #НашетоИмеЕМакедонија! Нема да го молиме #НАТО да не прими. #Македонија воопшто не требаше да бара членство во таа организација”, пишува Николов на Твитер.

Тој денеска објавува модифицирано лого на Северноаталанската алијанса која содржи порака НЕ за НАТО.

Николов кој води потекло од Егејска Македонија не прифаќа влез во НАТО И ЕУ под услов промена на македонскиот национален идентитет, историја, име и јазик.

SHARE

1 Коментар

  1. Со рез. 817 на СБ ООН директно е прекршен член 4 од Повелбата на ООН и рез. на Генералното собрание на ООН 197/III од 1948 .г. Истото е и со рез. 845 на СБ на ООН со која се крши нормата од членот 4. на Повелбата и рез. на Генералното собрание на ООН 197/III.
    И приемната за Македонија рез. 47/225 на Генералното собрание на ООН е спротивна на рез. на Генералното собрание 197/III од 1948.
    Сите спомнати рез. на СБ и рез. 47/225 на Генералното собрание на ООН се спротивни на членот 4 од Повелбата на ООН и Советодавното мислење на Меѓународниот Суд на Правда од 1948 кое дава интерпретацијата на членот 4 од Повелбата на ООН.
    СПРОТВНОСТ НА РЕЗ. 817 со рез. на Генералното собрание 197/III од 1948 Советодавното мислење на Меѓународниот Суд на Правда од 1948 дерогира легалната основа на таа рез. со која се препорачува прием на Македонија под БЈРМ.

Comments are closed.