Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада Бил Николов вели дека Македонија не треба да го моли НАТО за влез ако треба да се додворува на тие што ја угнетуваат.
“НАТО бара да го смениме нашето име во интерес на западниот империјализам и да им се додвориме на нашите угнетувачи. ЕДИНСТВЕНИОТ можен одговор е НЕ! #НашетоИмеЕМакедонија! Нема да го молиме #НАТО да не прими. #Македонија воопшто не требаше да бара членство во таа организација”, пишува Николов на Твитер.
Тој денеска објавува модифицирано лого на Северноаталанската алијанса која содржи порака НЕ за НАТО.
Николов кој води потекло од Егејска Македонија не прифаќа влез во НАТО И ЕУ под услов промена на македонскиот национален идентитет, историја, име и јазик.