Европската ракометна федерација ја номинира македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски да го води финалето на Европското првенство 2020!

Натпреварот за златниот медал ќе се одигра в недела од 16 часот во Стокхолм, каде што татко му на Ѓорѓи, Драган Начевски, со Марјан Начевски го судеа финалето на ЕП 2002 меѓу домаќинот Шведска и Германија!

За Николов и Начевски ова е второ финале на големите натпреварувања по тоа на Светското првенство за младинци.

Во финалето на ЕП 2020 ќе играат победниците од денешните полуфинални дуели Норвешка – Хрватска (18 ч.) и Шпанија – Словенија (20:30 ч.).