Николов: Пркосот ни ја зачува културата во Егејска, кренете се во Република Македонија

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов прави паралела меѓу Македонците од селото на неговите предци кои се кренале против забраните за употребата на македонскиот јазик на грчката хунта и она што треба да се случува во Македонија.

“Центарот на селото #Желево во Егејска #Македонија, каде моето семејство и многу други горди #Македонци се спротиставија на грчки забрани и говореа македонски. Пркосот ни ја зачува културата. Мора да покажеме ист таков пркос против нападите врз Република Македонија. КРЕНЕТЕ СЕ”, пишува Николов апелирајќи Македонците да се кренат и да не ги прифатат уцените и заканите упатени против македонскиот идентитет и култура.

SHARE