Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој е и носител на кандидатската листа на оваа партија во Изборната единица 4, отворено прашува дали семејството Заев, соочени, како што вели со поразот на изборите на 15 јули, го сели својот капитал во странство.

„Јас јавно повикав пред една недела (Заев) да излезе во јавноста и да каже дали неговото семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави. Еве едната ја објавувам денес, тоа е Република Бугарија. Но, денес нема одговор, и бидејќи нема одговор решив јас да се произнесам на јавноста и да ги презентирам документите.

„ Основното прашање е дали се спремаат за бегство после поразот на парламентарните избори на 15-ти јули. Домашните фирми, односно фирмите во Македонија кои што се во сопственост на Заеви веќе се селат односно мигрираат во Бугарија. Односно тамошните фирми веќе стануваат сопственици на фирмите кои што Заеви ги поседуваат во Македонија.

Покрај досега објавените фирми кои што се во сопственост на Заеви во Бугарија, а тоа се: „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“. Сите формирани во Бугарија откако Зоран Заев е на власт.

Основани се две нови после претседателските избори кога веќе мирисаше на скандалот „Рекет“. Значи свесни дека поразот е неминовен, свесни дека скандалите ќе почнат да излегуваат формираат две фирми во Бугарија.  Двете нови фирми кои се во сопственост на Трајче Заев и Бобан Заев истите се основани на 13-ти мај 2019-та година. На иста адреса во Петрич, како и претходните со име „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“. Во интерес на јавноста ги презентирам документите за овие две фирми, ова е „Фарма ЕУ БГ“ и еве го потписот на основачкиот акт, потенцира Николоски.

SHARE