Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати тужбеното барање на братот на премиерот, Вице Заев, против потпретседателот на СДСМ, Александар Николовски, кој во телефонска изјава за телевизијата 1ТВ рекол дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека власта дели тендери на луѓе блиски до владините функционери.

Се утврдува граѓанска одговорност за клевета на тужениот Александар Николовски од Охрид, тужен од Вице Заев од Струмица, ја соопшти одлуката судијката Кети Германова од Граѓанскиот суд.

„Тужбеното барање на тужителот Вице Заев од Струмица против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати“, рече судијата Кети Германова од Граѓанскиот суд.

Но, судот одби да го казни Николовски со 500 евра, како што бараше со тужбата братот на премиерот Зоран Заев.

Николовски рече дека делумно е задоволен од одлуката на Судот. Најави жалба до Апелација.