Николовски: Собранието мора утре да се распушти

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека утре 12 февруари Собранието мора да се распушти, а секое одложување ќе претставува прекршување на договорот постигнат на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, но и прекршување на Уставот.

„Собранието треба да се распушти на 60 дена пред изборите закажани на 12 април. Поднесовме иницијатива за распуштање како пратеничка група и жестоко ќе се бориме тоа да се испочитува“, рече Николовски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Тој му препорача на спикерот Талат Џафери да се држи до роковикте.: !60 дена не се ни 55 ни 58 туку се 60“ рече Николовски, според кој повикувањето на Џафери на консултации со ДИК не е релевентно бидејќи не Државната изборна комисија туку Собранието дредува кога се распушта парламентот и кога се закажуваат избори.

Според мислењето на Николовски, ова најавено одложување на распуштањето на Собранието е поради тоа што Заев, како што рече, немал обезбедено двотретинско мнозинство за да се изгласа Законот за Јавното обвинителство.

Тој повтори дека ЗЈО, не е услов за почнување преговори со ЕУ. Уасловот беше промена на името, барем така велеа, рече Николовски, но причината е сосем друга – корупцијата.

Николовски вечерва „ексклузивно“, како што рече, соопшти дека според информациите со кои располага, Македонија нема да добие датум за преговори ниту во март, како што предвиде за јуни и октомври минатата година.