Нимиц: Спорот решен, загриженоста се уште присутна

Периодот на имплементација на Договорот од Преспа ќе отвори прашања како што е работатата на Комитетот за учебниците и комерцијалната употреба на името „Македонија”, вели посредникот на ОН во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц.

–Една од работите кои создаваат загриженост е иредентизмот и демонизацијата на соседот. Сама по себе промената на името бара многу време. Секој пасош, возачка дозвола, универзитетска диплома, извод од матична книга на венчаните, таблите на институциите мора да се сменат. За тоа ќе биде потребно време, исто како што ќе биде потребно време и за односите меѓу народите на двете земји. Постојат прашања и во делот на комерцијалната употреба на името „Македонијa”, изјавил Нимиц на брифингот за новинарите во седиштето на Светската организација.
Осврнувајќи се на неговиот повеќегодешен ангажман за надминување на спорот кој се смета за најдолг стаж воопшто на именуван посредник од страна на генерален секретар на ОН, Нимиц вели дека е задоволен од успехот на преговорите меѓу Атина и Скопје.

-Луѓето често велеа колку досадна работа, да се поминат 25 години работа на еден збор, едно име. Зошто луѓето не седнат и не се договорат за име за што се потребни пет минути. Но, не се работи само за името, кое е само врвот на сантата мраз кој е видлив, станува збор за прашање на чувството за идентитет во двете земји. Прашањето имаше историски и емоционални аспекти и се уште има, појаснува Нимиц.
Тој го нагласува и значењето на политичкото лидерство во надминувањето на спорот за името.

-Лидерите се менуваат и навистина верувам дека тие имаат големо влијание врз историјата. Лидерите во двете земји имаа различни ставови за спорот. Имаше периоди кога некои лидери го ставаа ова прашање на дното од листата на приоритети, некои не беа подготвени да преземат голем ризик. Една од позитивните работи која придонесе ова прашање да се затвори е што имавме лидери од двете страни кои навистина искрено одлучија „сакаме да го решиме проблемот, ќе вложиме политичка енергија во тоа и ќе преземеме ризици, ќе направиме компромис”, вели Нимиц.
Се присетува и на времето на неговите преговори со двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас, главно водени во Виена, кои резултираа со договорот што покрива цела низа прашања и области.

– Се надевам дека ова ќе води до добри односи меѓу двете земји и до побезбеден регион. Грција го повлече нејзиното противење на процесот на пристапување на Република Севрна Македонија во ЕУ и НАТО. Ова е решението и со тоа мојот проект е завршен, подвлекува Нимиц.
Прашан како успеал да остане медијатор во овој спор толку долг период, Нимиц појаснува дека тоа се должи на довербата кон него од двете преговарачки страни.

-Секоја година јас ги прашував Атина и Скопје дали сакам да останам, бидејќи во преговорите не може да останете ако немате доверба од двете страни, ќе мора да се повлечете. Тие, пак, секогаш ми велеа, останете уште една година, немаме постигнато прогрес, но продолжуваме со напорите, истакнува амбасадорот Метју Нимиц.

SHARE

4 Коментари

  1. Спор НЕ Е РЕШЕН, бидејќи Македонскиот народ НЕ ПРИФАКА и НЕ ДАВА ЛЕГИТИМИТЕТ на ДЕНОМИНИРАЊЕТО и ПРЕКРСТУВАЊЕТО, ТАКА ПРЕСПАНСКИОТ НЕ Е ДОЛГОРЧНО РЕШЕНИЕ!
    Имаме трајната референца, со ЗАБРАНА без ПРЕФИКСОТ СЕВЕРНА да се користи МАКЕДОНИЈА, со што Преспанскиот е СПРОТИВЕН на Повелбата на ООН и сите одредби против ДИСКРИМИНАЦИЈАТА. А Повелбата на ООН е ПОВИСОК акт од ДОГОВОРОТ!
    ВАКОВ СПОР; Г-дин НИМИЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ СО СПОГОДБАТА!
    Башка што Вие Нимиц ЛАЖАВТЕ 25 .г .цела Мак. јавност ДЕКА ПРОБЛЕМОТ НА КРАЈ КЕ СЕ РЕШИ ВО СБ на ООН! ЛАЖЕВТЕ НИМИЦ! И сега ЛАЖЕТЕ!

    П.С. околу Српското признавање.

    ДАЧИК и Србија НИ СЕ ПОТСМЕВА со тврдење „промена на името е извршена на ВАЛИДЕН НАЧИН”, но ова не го разбира ниту Заев, и дури поздравува оваа одлука! Заев не разбира дека Србија не зајебава со признавање на РСМ! Дачик не зајебава и ПОНИЖУВА кога вика СРБИЈА не ПРИЗНАВА под РСМ, БИДЕЈКИ се беше со промена на името завршено “НА ВАЛИДЕН” начин, односно „без кршење на внатрешното право”, и демек токму ЗАРАДИ коректна внатрешна постапка СРБИЈА не признава под новото име РСМ. Овде не може ниту протесна нота да се прати, БИДЕЈКИ САМИОТ ЗАЕВ СМЕТА ИСТО: ДЕКА СЕ Е НАПРАВЕНО НА ВАЛИДЕН НАЧИН!
    Заев не разбира дека Србија НИ СЕ ПОТСМЕВА! Тој поздравува одлука на Србија!

    • На просторот за коментирање се појавува коментаторот „Еден” кој е поддржан од под 5% од луѓе што следат Експрес. На друга страна се над 95% од популацијата која е патриотски ориентирана. При редовната популација набљудувачи од околу 5000 вкупно, лицето „Еден” има поддржувачи од околу свега 200-300 СДСМ-овци, наспроти околу 4000 патриоти кои не сакаат воопшто да читаат неговите анти-национални, авто-шовинистички и анти-македонски коментари. Во таа смисла бесмислено е „Еден” по хиљада пати да повторува своите на сите познати „коментари”, а исто така е бесмислено и патриотите да повторуваат своите познати национални и патриотски позиции, бидјќи популацијата е ограничена на 5000 набљудувачи-гледачи. Ниту „Еден” ке убеди повеќе од 3 или 4 ВМРО-овци да преминат во Заев-исти, ниту некој друг ќе ги премисли повеќе од 2 или 3 лица да преминат во патриоти.

Comments are closed.