Нина Ангеловска најсериозен кандидат за министер за финансии?

На чело на Mинистерствотоп за финансии најверојатно ќе застане жена.

Нина Ангеловска, коосновач и извршен директор на платформата Групер е најсериозен кандидат покрај Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, дознава Алсат М.

По разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев.

Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

SHARE