Нина Ангеловска предложена за министерка за финансии

Нина Ангеловска, сопственичка на платформата „Групер“, ќе биде предложена за нова министерка за финансии, потврди вечерва премиерот Зоран Заев.

„Нина Ангеловска како основач на ‚Групер‘ и нејзиното 8-годишно искуство стана препознатлива не само дома туку и во регионот. Таа ќе претстави и нови политики на министерството, кои ќе значат чекорење напред. Сакаме да испратиме порака дека препознаваме млади луѓе кои се успешни“, рече Заев.

Претходно, премиерот во врска со испразнетото место на челната позиција во Финасии, по заминувањето на Драган Тевдовски, рече дека посакува да биде избрана жена бидејќи според него, жените „подомаќински се однесувале со парите“.

SHARE