Нина Ангеловска се врати на Твитер по 77 дена и доби незгодно прашање

Екс министерката за финансии и иден член на управниот одбор на пребогатиот Телеком Нина Ангеловска се врати на социјалната мрежа Твитер во цели 77 дена.

Таа како претседател на асоцијацијата која ги собира компаниите од овој сектор се обиде да промовира онлајн трговија но дебатата доби поинаков тек.

Меѓу мноштвото тролања и вулгарни коментари експертката за онлајн шопинг, финансии и најново за мобилна и фиксна телефонија и интернет, доби прашање од банкарскиот систем.

“Која е најдобра банка за чување депозити?”, ја праша еден од Твитерџиите на што не доби одговор.

Ангеловска се уште може кривично да одговара доколку се утврди дека користела владини информации пред да ги извади своите лични орочени средства од пропаднатата Еуростандард банка.

SHARE